Докторите имаат решение за Ериксен но Данецот нема да може да игра во Серија А

by
1 минути читање

Кристијан Ериксен
наскоро ќе биде опериран, фудбалерот од средниот ред го прифатил решението кое
му го понудиле домашните но и странските експерти откако тој колабираше на
теренот минатата недела.

На Данецот ќе му биде
поставен Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер, уред кој го следи и
регулира ритамот на срцето. Сличен уред користи Далеј Блинд од Холандија, кој во два наврати се струпули на теренот но продолжи да игра, па има
надеж и за Кристијан Ериксен.

Сепак, тој нема
да може да игра во Серија А, со ваков уред тешко дека ќе добие зелено светло за
настап во Калчото поради законите во Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×