Докторот го опиша трогателниот момент кога Ериксен отворил очи и открива кои биле првите зборови на фудбалерот

by
1 минути читање

На дуелот помеѓу
Данска и Финска, Кристијан Ериксен колабираше на теренот, неговото срце
престана да бие, но докторите успешно го реанимираа.

Германецот Јенс
Клајнефелд беше еден од докторите кои го вратија Данецот живот и во разговор со
медиумската групација Функе тој раскажа што се случувало во Копенхаген. Откако
масажата на срце (
CPR) не
вродила со плод бил употребен дефибрилатор и за среќа бил доволен само еден
електро шок за срцето на Кристијан Ериксен да почне повторно да бие.

„30 секунди
подоцна, играчот ги отвори очите и јас можев да разговарам со него директно.
Тоа беше многу трогателен момент, во секојдневниот живот, шансите да спасите нечиј живот при една ваква ситуација се
многу помали“
– вели Клајнефелд.

„Го погледнав и
го прашав, „Кристијан, дали ни се врати?“, а тој ми одговори, „Да се вратив“ и
потоа рече, „Проклетство, имам само 29 години“. Во овој момент
знаев дека нема оштетување на мозокот и дека се е во ред со него“.

Докторот исто
така објаснува дека Кристијан Ериксен бил целосно свесен уште на тревата, но било
потребно време да се постават сите монитори и апарати неопходни за безбеден
транспорт до болницата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×