Ристовски: Тука не сме дојдени како туристи, имаме огромен квалитет

by
1 минути читање

Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација ги обавува завршните подготовки пред
големиот тест – Украина, што воедно е најважната пресметка во обидот за пласман
во нокаут фазата од Европското првенство.

Нашиот дефанзивец
Стефан Ристовски смета дека македонската репрезентација има огромен квалитет, а
додаде и дека ќе се даде максимумот во нашите редови за да се оствари целта.

„Професионалци
сме и не смееме да дозволиме пад на атмосфера. Ова е големо натпреварување, ние
не смееме да дозволиме ништо да не деконцентрира. Следуваат уште два меча, ќе
го дадеме максимумот
“ рече Ристовски.

„Ние овде
не дојдовме како туристи, имаме огромен квалитет. Со три блока, со бранење на
нашиот гол, и брзи контри да го изненадиме противникот. Кога играте со вакви
селекции мора да си подготвен за се. Со Австрија се подготвувавме за едно, а
тие излегоа со пет дефанзивци. Секој се обидува да те изненади
“ додаде бекот на нашата селекција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×