Ангеловски: Нашата цел е пласман во втората фаза, а таа за нас се уште е активна

by
1 минути читање

Селекторот на
Македонија, Игор Ангеловски во пресрет на утрешниот меч со Украина во второто
коло од групите на Европското првенство, најави борба до самиот крај за пласман
во втората фаза на ова натпреварување, што воедно е наша цел.

Најважната
лекција е дека повторно веруваме дека имаме квалитет, затоа што до 80. минута
имавме активен резултат против Австрија. Не се браневме, не игравме бункер дури
имавме и ситуации да поведеме. Сепак, тоа не успеавме да го направиме, примивме
гол по пад на концентрација. Сепак, следува меч со Украина, мислам дека имаме
ситуација во која можеме да се поправиме на резулттски план
“ рече Ангеловски.

Дојдовме
на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна.
Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е
финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се’
од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат
одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се
носиме со сите
додаде селекторот на
најдобрата македонска фудбалска репрезентација.

Во првото коло
Македонија загуби со 1-3 од Австрија, а утрешниот меч со Украина стартува со
почеток од 15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×