153
Арнаутовиќ доби казна за недоличното однесување на дуелот против Македонија кога го пцуеше Алиоски, но таа е минимална, суспензија од еден натпревар.
УЕФА денеска објави дека Арнаутовиќ е суспендиран за еден натпревар, поради навреда на друг играч. Нема да настапи на утрешниот дуел со Холандија.
Австриецот може да биде задоволен од оваа казна бидејќи се шпекулираше дека може многу поригорозно да биде казнет.
