Јармоленко: Ако не сакаме да си одиме, мора да ја победиме Македонија

by
1 минути читање

Утре со почеток од 15 часот Македонија и Украина се среќаваат во второто коло од Европското првенство, меч кој е како финале и за двете селекции.

„Против Холандија одигравме добро иако имавме сериозно силен противник. Дадовме се од себе, селекторот беше задоволен со нашата посветеност и штета што загубивме на крајот“, вели Јармоленко.

„Дури и кога губевме со 2-0 не мислевме на можен пораз. Мислевме само како да дадеме гол и дад се вратме, потоа израмнивме и го свртевме мечот. За жал примивме гол на крајот, но ова ни е лекција за во иднина“.

„Против Македонија очекувам уште едно добро издание. Нашиот стручен штаб ќе ја одбере најдобрата тактика, ќе го анализира противникот, ќе ги увидиме нашите грешки, ќе се подготвиме, и ако не сакаме да завршиме уште во групната фаза, мора да победиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×