Џака притиска да си замине, но Арсенал ја одби новата понуда од Рома

by
0 минути читање

Според
информациите кои ги објави „ББЦ“, се вели дека Арсенал ја одбил новата понуда
од Рома за Гранит Џака која изнесувала 15 милиони евра.

Најновата понуда
е за три милиони евра поголема од претходната, а сега останува да се види до каде
ќе оди Рома со понудите за швајцарскиот репрезентативец, за кого „Скај Спорт
Италија“ пренесе дека притиска да си замине.

Новиот тренер на
Рома, Жозе Мурињо упатил посебно барање до челниците на „Римската волчица“ да
направат напори да го ангажираат Џака кој инаку има активен договор со „Топчиите“
со важност до 2023 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×