Кристијано
Роналдо има понуда вредна 17 милиони фунти плата по сезона од неговиот
поранешен клуб Манчестер јунајтед за негов трансфер ова лето, а со тоа што Пол
Погба би можел да се врати во Јувентус доколку обете страни постигнат договор.
„Газета дело
Спорт“ наведува дека ПСЖ е преферирана опција за Роналдо, меѓутоа од францускиот
гигант засега немаат доставено понуда до Португалецот, а весникот додава дека
клубот од „Олд Трафорд“ е конкретен и со самата понуда.
Спортинг Лисабон,
но и Реал Мадрид се клубовите кои исто така се споменуваат како опција за
Роналдо, за кого се верува дека нема место во плановите на старо-новиот тренер
на Јувентус, Масимилијано Алегри во новата сезона.