Хари Кејн беше
речиси невидлив во првиот меч на Англија на Европското првенство во минималната
победа над светскиот вицепрвак Хрватска, а прашање е дали напаѓачот на Тотнем е
под притисок поради нејаснотиите околу неговата иднина на клупски план.
Како и да е, Кејн
тврди дека тој не е недопирлив во националниот состав на Англија, со тоа што
подвлече дека селекторот Герет Саутгејт е тој кој одлучува.
„Ќе морате на
оваа тема да го прашате селекторот, но јас лично никогаш не сум гледал на таков
начин“ рече Кејн, а потоа упати и пофалби на сметка на напаѓачот на Евертон,
Доминик Калверт-Луин за кого смета дека придонесува многу за „Гордиот албион“.
„Дали ќе почнам
од првата минута, или од клупата за резерви, тоа сепак не е моја одлука, туку
на селекторот, а на мене ми преостанува да работам напорно на тренинзите, имаме
навистина голема конкуренција во тимот за сите позиции, Доминик е одличен, на
мене останува да се подобрувам од ден на ден, како и да се обидам да го дадам
најдоброто за националниот тим“ додаде напаѓачот.
„Сигурен сум дека
ќе претстојат ротации на турнирот, сите ја чекаат својата шанса да направат
импакт“ подвлече Кејн за кого се шпекулира на Островот дека би можел да почне
од клупата за резерви на мечот во второто коло од Европското првенство против
Шкотска во петок.