183
Португалците дојдоа до трите планирани бодови против Унгарија во меч кој се играше на полн стадион, за првпат по долго време.
Унгарија играше дефанзивно и долго време одолеваше на нападите на Португалија, но откако примија еден, брзо уште двапати ја вадеа топката од мрежата.
Кристијано Роналдо постигна два гола и стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства со вкупно 11 погодоци, претходно со Платини беше израмнет со по девет.
Отпорот на Унгарците беше скршен во 84. минута кога Гереро даде гол за водство од 1-0.
Три минути подоцна беше досуден пенал за Португалија кој го реализираше Роналдо за 2-0, а тој погоди и во судиското продолжение за конечни 3-0.