Арнаутовиќ под истрага на УЕФА, Австриецот би можел предвреме да го заврши ЕП

by
1 минути читање

Ѕвездата на
Австрија, Марко Арнаутовиќ е под истрага на УЕФА поради скандалот кој изби на
мечот против Македонија откако напаѓачот најпрво постигна гол за потврда на
победата на Австријците од 3-1, а потоа упати некои зборови кон нашиот
репрезентативец Езгјан Алиоски.

Популарниот „Џани“
подвлече дека имал одредени расправии со Арнаутовиќ во текот на натпреварот,
меѓутоа конкретно за таа ситуација не успеал да ги разбере неговите зборови, а
ја повика УЕФА да анализира со помош на снимките.

УЕФА веќе го
истражува тој инцидент, со тоа што дисциплинската комисија би можела да му
изрече суспензија на Арнаутовиќ за преостанатиот дел од Европското првенство
доколку се утврди расистички напади од негова страна кон Македонецот.

Неофицијално,
првичните информации говорат дека Арнаутовиќ упатил доста недолични коментари и
навреди кон Алиоски, навреди во кои ја вметнал дури и мајката на македонскиот
репрезентативец, за што извести „Коха“.

Освен Алиоски, на
мета на Арнаутовиќ бил воедно и Егзон Бејтулаи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×