На Ериксен не му се допаѓа храната во болница, си нарачал пица

by
1 минути читање

Кристијан Ериксен
добро ги исплаши сите откако во саботата колабираше на дуелот помеѓу Данска и
Финска.

Фудбалерот од средниот ред веднаш беше пренесен во болницата Ригсхоспиталет
каде му се прават детални тестови изминативе два-три дена за да се утврди зошто
неговото срце на момент престана да бие.

Според пишувањата
на Газета дело Спорт, на Кристијан Ериксен му се вратил апетитот и тоа е знак
дека тој се чувствува подобро. Сепак, не му се допаѓа премногу храната во
болницата, па синоќа нарачал пица за ручек.

Весникот додава
дека Кристијан Ериксен веќе утре може да ја напушти болницата, но за точната
дијагноза ќе биде потребно подолго време и нови тестови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×