Чурлинов: На ЕП секој натпревар е тежок, наше е секогаш да го даваме максиумот

by
1 минути читање

По поразот од Австрија, мислите на македонските репрезентативци сега се насочени кон Украина, меч кој ќе биде клучен за нашите шанси за пласман во осминафинале.

„Пред сè пресреќен сум што имам можност да бидам дел од овој тим, на ова Евопско првенство, кое е историско. Атмосферата е одлична, многу е нормално да има еуфорија, сите сме среќни, сите сме весели, но нормално, кога сме на тренинг постои потребна концентрација, секогаш сме на високо ниво и се надеваме дека така ќе остане“, вели Чурлинов.

„За мој настап против Украина, јас лично верувам во моите квалитети и подготвен сум во секој момент да ѝ помогнам на екипата да дојде до три бода“.

„Моето мислење е дека на Европско секој натпревар е тежок, не може да се каже пред време каков натпревар би играле. Сето тоа се случува за време на самиот натпревар и тој диктира. Ние треба да влеземе во него и да дадеме сто проценти од нас. Ете со Австрија примивме трет гол и загубивме со 3-1, а игравме добро 75 минути. Да не примевме и да победевме со 2-1, сите ќе велеа поинаку. Она што треба да го направиме е да веруваме во нас самите, да го играме нашиот фудбал“.

„Јас сум многу горд на фактот дека сум најмладиот дебитант во историјата на Македонија и тоа ме прави многу среќен. Ова е фудбал, никогаш не знае што ќе се случи. Секој се надева да постигне гол, но на крајот на краиштата најважно е да го победиме натпреварот. Ако можам јас да бидам тој што ќе постигне гол, нормално, би ми било мило“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×