Кристијан Ериксен
го живее вториот живот откако колабрираше на дуелот со Финска, неговото срце
престана да бие но докторите успеаја да го вратат. Фудбалерот од средниот ред
сега е во стабилна состојба и останатиот дел од Европското првенство ќе го
проследи преку ТВ-екраните под контрола на лекарите.
„Огромно
благодарам за убавите и неверојатни пораки кои дојадоа од целиот свет.
Навистина многу ми значат, на мене и моето семејство. Добро сум, со оглед на
ситуацијата. Треба да ми бидат направени уште неколку тестови во болница, но се
чувствувам добро. Сега на следните мечеви ќе ги бодрам момците од
репрезентацијата на Данска, играјте за целата нација“ – гласеше објавата на
Кристијан Ериксен на социјалните мрежи, а беше постирана и слика од болничкиот
кревет.