143
Утре со почеток
од 12 часот во Нион ќе се одржи ждрепката по која македонскиот првак Шкендија
ќе го дознае својот противник во првата рунда од квалификациите за Лигата на
шампионите.
Тетовските „црвено-црни“
имаат четири можни противници, а тоа се Хелсинки од Финска, Конах Квеј од Велс, Мура
од Словенија, како и Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина.
Првиот меч е
предвиден да се одигра на 6/7 јули, а реваншите една седмица потоа.
Фото-вест: KF Shkendija (Facebook, архива)