Првата ѕвезда на
Белгија, плејмејкерот Кевин Де Брујне се врати на тренинзите на својот
национален состав откако го пропушти првиот меч против Русија на кој фаворитот
славеше убедлива победа од 3-0.
Како што е
познато, Де Брујне се здоби со повреда во финалето од Лигата на шампионите,
откако доби напукнатини на носната и јагодична коска по судирот со Рудигер,
меѓутоа, иако се врати во стројот за Белгија, и натаму останува отворено
прашањето дали ќе биде во комбинација за настап против Данска во четврток.
Белгија е една од
главните фаворити на Европското првенство, а дополнета со квалитетот на 29
годишниот Де Брујне, несомнено ќе биде уште посилна во продолжението од
европскиот турнир.