Ериксен му донесе лошо потсетување на Блинд, се двоумел дали да игра против Украина (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Холандија, Дејли Блинд одигра 64 минути за „Лалињата“ во победата против
Украина од 3-2 во првото коло од групите на Европското првенство, но тој размислувал
дали воопшто да настпаи на тој меч.

Тоа што се случи
ме шокираше премногу, не поради фактот што Ериксен ми е близок пријател, туку
поради тоа што мене ми се случи
“ рече Блинд.

Размислував да
не играм вечерва, требаше да преземам еден голем чекор напред од ментален
аспект
“ додаде Холанѓанецот.

Сиот фудбалски
свет се уште е шокиран од случајот со Кристијан Ериксен кој колабираше на мечот
помеѓу Данска и Финска, а со крајни напори беше спасен неговиот живот, а
познато е дека Блинд имаше срцеви проблеми поради кои мораше да паузира неколку
месеци, за што му беше вграден дефибрилатор кој во еден момент лани дури и му откажа,
по што Блинд на тогашниот пријателски меч помеѓу Ајакс и Херта се струполи на
теренот.

Инаку Блинд синоќа со солзи во очите го напушти теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×