Трајковски: Нема потреба од разочарување, мотивирани сме да ја поминеме групата

by
1 минути читање

Македонија не го почна Европското првенство како што посакуваше, но ништо не е загубено, имаме уште два натпревари пред нас на кои можеме да освоиме бодови и да одиме понатаму.

„Одигравме добро 70 минути, имавме позитивен резултат, според мене, два гола примивме наивно, Австрија не беше подобар тим, но ги искористија своите шанси кои им ги овозможивме. Мислам дека ако продолжиме вака ќе имаме добри резултати. Треба да бидеме фокусирани во текот на сите 90 минути за да избегнеме вакви грешки и мислам дека ќе биде пдобро“, вели Трајковски.

„Чувството е многу убаво да се игра на едно големо натпреварување. Мило ми е што дојдоа толку луѓе да не бодрат. Криво ми е што немавме позитивене резултат на мечот, но сакам да им кажам на навивачите дека ќе се бориме до крај да ја поминеме оваа група. Ќе го дадеме максимумот и се надевам дека ќе ја направме Македонија горда“.

„Имаме доволно време да се соберат сили за Украина, нема потреба од разочарување, ќе направиме анализа и ќе се спремиме за следниот предизвик. Атмосферата е иста, доволно сме мотвирани, знаеме дека се уште имаме шанса. Нема потреба да паѓаме, главата горе“.

„Ако ја победиме Украина ќе имаме големи шанси да ја поминеме групата. На тој натпревар мора да одиме на победа, овој меч ќе биде клучен за нас, ќе мора да бидеме фокусирани. Но и на Украина и е неопходна победа. Тоа ќе биде голема борба, но и борба која сме подготвени да ја добиеме“.

„Резултатот не е израз на случувањата на теренот, нема потреба да ни паѓа самодовербата, ние треба максимално да го искористиме овој турнир. Нема што да загубиме. Вчера игравме како да сме дома пред нашите навивачи. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×