Драма во Амстердам со среќен крај за Холандија, Украина даде два гола но загуби (ВИДЕО)

by
1 минути читање

И вториот меч во нашата група беше ефикасен, Холандија ја оствари целта, дојде до победа на стартот од Европското првенство, но стравуваше за неа.

Мечот беше офанзивен од самиот почеток, Холандија напаѓаше повеќе и создаваше шанси, но во првите 45 минути немаше голови.

Холандија продолжи силно да напаѓа во второто полувреме, таквата игра конечно даде резултат во 52. минута кога Вајналдум прифати една одбиена топка и силно ја смести во мрежата на Украина за водство од 1-0.

Седум минути подоцна Холандија поведе со 2-0, стрелец беше Вегхорст.

Изгледаше како да е се под контрола на Холанѓаните, но во 75. минута Јармоленко постигна фантастичен гол од далечина за намалување на резултатот на 2-1, Украина се врати во игра.

Само четири иминути подоцна, по центаршут на Малиновски, Јаремчук погоди со глава и го изедначи резултатот на 2-2.

Но, Холандија сепак се извлече на крајот, во 85. минута Думфрис постигна гол за конечни 3-2.

Сепак според играта Холанѓаните апсолутно ја заслужија оваа победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×