Муслиу: Не одигравме како што очекувавме

by
1 минути читање

Македонија не успеа на премиерата на Европските првенства да ги израдува навивачите, загубивме со 3-1.

„Почнавме со емоции, во првите минути противникот не казни со еден гол, но се вративме и во продолжението бевме добри. До вториот примен гол мислам дека бевме добро организирани, потоа следуваше една мала деконцентрација, грешка. Не бевме на нивото на кое очекувавме“, вели Муслиу.

„Ако ги искористивме нашите шанси, ќе беше поинаку, ако дадевме ние втор гол се ќе беше на наша страна“.

„Имаме уште шанси за да ја поминеме групата. Сега прво треба да се опоравиме, да бидме физички спремни, да ги анализираме слабите страни на Украина и со поголема концентрација можеме да дојдеме до поволен резултат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×