Ангеловски: Жал ми е за шансата на Николов, но нема простор за разочарување

by
1 минути читање

Предводникот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски жали за неискористената шанса на Николов, но вели дека нема простор за разочарување.

„Не можам да не бидам горд на овие момци, тие се тие што го донесоа ова ЕП. На моменти функциониравме денеска добро, на моменти имавме и посед, контрола на мечот, но кога се кршеше резултатот, клучна беше шансата на Николов за 1-2, а клучен беше и вториот гол на Австрија. Нема зошто да се разочараме, имаме уште два меча, треба да се подготвиме да не ги направиме грешките од овој меч. Жал ми е за таа шанса на Николов“, рече Ангеловски.

„Морам да изразам благодарност до навивачите, немам зборови за атмосферата која на направија и многу жалам што не им возвративме со позитивен резултат, но се надевам дека веќе на следниот меч ќе ги израдуваме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×