Елиф Елмас жали за поразот, но вели дека денешиот натпревар против Австрија е голема лекција за нашата репрезентација.
„Во првото полувреме одигравме добро, но … сега почувстувавме колку е големо ова Европско првенство, ова е добра лекција. Имаме уште натпревари, ништо не е загубено, се надевам на подобри резултати на другите два натпревари“, вели Елмас по мечот.
„Се надевам дека ќе извадиме поука од овој меч и со поголема самодоверба ќе влеземе во следните натпревари. Ова е прво Европско првенство за нас, имавме и малку трема, но овој меч останува зад нас, сега треба да гледаме само напред“.
„Сега со трезни глави ќе ја анализираме Украина и се надевам дека ќе имаме едно подобро издание од ова“.