605
Македонските фудбалери ја почнаа борбата на Европското првенство, во првиот дел Австрија имаше повеќе од играта, но Македонја успеа да ја неутрализира негативата која ја имаше.
Натпреварот почна рамноправно, но како одминуваше времето Австрија почна да притиска. Таквата нивна игра вроди со плод во 18. минута коога Лајнер постигна гол за водство од 1-0.
Нивната радост не траеше многу долго, Горан Пандев искорсти една катастрофална грешка на Австрија и постигна гол за израмнување на 1-1.
Овој гол на Горан Пандев ќе биде запишан во историјата како прв за Македонија на Европските првенства.