135
„ТутоМеркато“
пишува дека селекторот на Македонија, Игор Ангеловски е една од опциите за нов
тренер на италијанскиот прволигаш Сампдорија, со тоа што како опции се уште и Марко
Џанпаоло, Бепе Јакини и Роберто Д’Аверса.
Првиот човек на
Сампдорија, Масимо Фереро денеска ќе има можност и да го „скенира“ Ангеловски
на мечот со Австрија на Европското првенство кој стартува со почеток од 18
часот.
Инаку, актуелниот
договор на популарниот „Мрме“ со Фудбалската федерација на Македонија истекува
идниот месец, откако претходно доби шестмесечно продолжување на истиот за да ја
предводи нашата селекција на европскиот турнир.
