Репортажа на „Дигиспорт“ за македонските навивачи (ФОТО+ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонските навивачи
направија инвазија на Букурешт каде вечерва со почеток од 18 часот нашата
најдобра фудбалска репрезентација ќе ги одмери силите со Австрија во дебито на
едно големо натпреварување, односно Европското првенство.

Романски „Дигиспорт“
извести за атмосферата која ја креираа македонските навивачи во главниот град
на таа земја, со тоа што излезе со наслов
: „Инвазија во Букурешт пред мечот Австрија –
Македонија, на Националната арена“.

Тие едноставно
направија инвазија на стариот дел од центарот на Букурешт пред нивниот голем
натпревар вечерва. И покрај дождот, големата група навивачи во жолто-црвена
боја на себе ги опколија улиците од центарот на главниот град, тие сите дојдоа
добро подготвени, а не се откажаа и во намерата да го пробаат и романското пиво

пишува „Дигиспорт“ во својот извештај.

Фото-галерија,
како и видео од репортажата на „Дигиспорт“ можете да проследите – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×