267
Во Македонија денеска владее фудбалска треска, селекторот Ангеловски со своите избраници го почнува настапот на Европското првенство.
„Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македонија денес да се чувствува гордо. Денес цел свет ќе застене во чест на македонската химна. Вие сте моите херои и оваа бајка ќе ја паметам до крајот на мојот живот. Благодарам на целиот наш народ без разлика на вера и нација за поддршката. Дечки Ви благодарам и Ве сакам, одиме по историја“, напиша селекторот Ангеловски на својот инстаграм профил.
