166
Ѕвездата на данската репрезентација се бори за живот, откако колабираше на теренот. Веднаш дојде лекарската екипа која десетина минути на теренот се обидуваше да го анимира, а потоа го изнесоа од теренот.
Играчите и публиката беа во шок, многумина веќе плачеа, на теренот се симна и сопругата на фудбалерот.
Натпреварот меѓу Данска и Финска е во прекин, сите ја чекаат веста за состојбата на Ериксен.