Пандев: Не сакаме да одиграме само три меча, ќе го оставиме срцето за големи радости

by
1 минути читање

Македонија денеска ја имаше официјалната прес-конференција во пресрет на утрешниот деби натпревар на Европските првенства. На пресот заедно со селекторот беше капитенот Горан Пандев.

„Работат емоциите, во Македонија сите од фудбалери, навивачи, медиуми, цела јавност со нетрпение го очекуваме овој момент. И сега сме подготвени да го оставиме срцето за нови радости, зашто знаеме дека сите погледи се насочени кон нас“, вели Пандев.

„Пред шест години го прифатив предизвикот да се вратам во репрезентацијата кога селекторот дојде во Џенова, убедувајќи ме дека нѐ чекаат успешни денови. И мислам дека тоа беше главно на патот кон остварувањето на овој сон. Сега со соиграчите сме подготвени да го прифатиме овој предизвик и желбата секако е да го демонстрираме максимумот на секој меч, а не да завршиме со еврошампионатот по само три меча“.

Натпреварото меѓу Македонија и Австрија се игра утре со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×