ВАР го спаси Велс од пораз против Швајцарија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Швајцарија доминираше против Велс, создаде повеќе прилики, но промената на тактиката откако дојдоа во водство ги чинеше. 

Велс се бранеше, Швајцарија беше таа која напаѓаше и се обидуваше да даде гол. По четири минути игра во вториот дел Емболо постигна гол со глава по асистенција од Шаќири за водство од 1-0.

Откако го дадоа голот Швајцарците се повлекоа, Велс нападна барајќи израмнување и до него дојде во 74. минута кога Мур постигна убав гол со глава за 1-1.

По израмнувањето работите се вратија на почеток, Швајцарија напаѓаше, Велс се бранеше. Во 85. минута Гаврановиќ постигна гол, но ВАР му го поништи поради офсајд.

Во А групата по едно одиграно коло Италија е прва со три бода, по бод имаат Швајцарија и Велс, Турција е последна без бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×