179
Килијан Мбапе долго време се поврзува со Реал Мадрид, но никако да замине од ПСЖ. Францускиот клуб со сите сили се обидува да го задржи, но прашање е дали фудбалерот ќе потпише нов договор.
„Немам потреба да брзам. Треба да ја донесам вистинската одлука, која е тешка. Во моментов сум во место кое го сакам и каде се чувствувам добро. Но дали тоа е најдоброто место за мене? Уште го немам тој одговор“, вели Мбапе.
„Знам дека проектот со и без мене не е ист за клубот. Но ПСЖ ги разбира моите чувства. Веројатно затоа што знаат дека не им правам ништо зад грб“.
Изјавата на Мбапе јасно дава дознаење дека тој размислува за заминување од ПСЖ, а дали тоа ќе се случи, останува да видиме.