Имобиле ја откри тактиката: Се трудевме да ги измориме Турците, ја движевме топката лево-десно

by
1 минути читање

Италија во 53. минута го скрши отпорот на Турција и тоа со автогол. Турците се бранеа добро во првото полувреме, а во тој период Италијаните тешко создаваа шанси.

„Мислам дека покажавме трпение. Турција е силен тим кој им создал проблем на многу топ селекции. Ние се обидовме да ги измориме во првиот дел движејќи ја топката лево и десно, обидувајќи се да ги рашириме“.

„За жал не успевавме да го пробиеме нивниот ѕид, особено затоа што не сме добри во воздушните дуели. Турција беше поуморна по паузата и по примениот гол тие мораа да се отворат и да остават простор, тогаш се истакна нашиот квалитет“.

Имобиле беше стрелец на еден од погодоците.

„Постигнувањето на гол на дебито на Европските првенства на мојот стадион, не можеше подобро“.

„Гледајќи ги фановите како слават по сето ова што го поминавме со овој проклет вирус, беше неверојатно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×