Стартуваше Европското првенство, италијанската репрезентација имаше старт каков што само може да посака, Турција се одлучи за дефанзивна тактика која функционираше до почетокот на второто полувреме.
Во првиот дел Италија постојано напаѓаше, но тешко наоѓаше дупки во турската одбрана. Турците играа неатрактивно, но нивниот план функционираше до одредено време.
Нивната опрема беше скршена во 53. минута кога по центаршут на Берарди, Демирала си ја затресе сопствената мрежа за водство на Италија од 1-0.
Првпат едно Европско првенство се отвора со автогол.
Во 66. минута Имобиле начека една одбиена топка која ја смести во мрежата на Чакир за предност на Италија од 2-0, веќе беше јасно дека нема да има изненадување на овој меч.
Конечниот резултат го постави Лоренцо Инсиње со убаво пласирана топка во 79. мнута, победа од 3-0 за Италија.
Одличен настап на тимот на Роберто Манчини кој доминираше во текот на целиот меч, Турците шансата за први бодови ќе ја бараат во следните два меча.
Утре од оваа група играат Швајцарија и Велс.