248
Неколку извори во
текот на вчерашниот ден пренесоа дека Џејдон Санчо се договорил со Манчестер
јунајтед и „ѓаволите“ доставиле понуда до Борусија Дортмунд. Се шпекулира дека
разликата помеѓу двата клуба е околу 20 милиони евра, но се очекува да биде
пронајден компромис и Англичанецот да се врати во Премиерлигата.
Што се однесува
до неговиот договор, Гардијан пренесува дека Џејдон Санчо ќе добие неделна плата од
350.000 фунти со што ќе стане еден од најплатените на Олд Трафорд, само Давид
Де Хеа ќе има поголеми примања.
Со ваква сума,
Џејдон Санчо ќе биде и помеѓу тројцата најплатени во Премиерлигата (заедно со
Давид Де Хеа и Пјер Емерик Обамејнаг).