383
Се појавија гласини дека Реал Мадрид пред да го назначи Карло Анчелоти за нов тренер го контактирале Жозе Мурињо. Но Португалецот ги одбил бидејќи веќе потпиша за Рома.
Мурињо беше прашан дали е вистина дека контактирал со Реал Мадрид минатата недела.
„Дали сум зборувал со Реал Мадрид минатата недела? Со Реал Мадрид зборувам цело време. Ние сме блиски пријатели, претседателот, извршниот директор… зборуваме цело време. Навистина сум горд на тоа. Секогаш кога тие имаат успеси, јас сум многу среќен за нив“, изјави Мурињо.