„Го повреди Азар, а ми велиш дека си среќен што си ме сретнал?“

by
1 минути читање

Томас Муние беше
фудбалерот кој донесе големи главоболки за Реал Мадрид, но и за Белгија, откако
на мечот во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид го повреди Еден Азар.

Тоа се случи во
ноември 2019 година, а по мечот Муние тврдеше дека е тажен по што се обидел и
да го контактира својот сонародник Белгиец, меѓутоа не успеал во таа намера, а
го налутил дури и првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

По мечот јас бев
во тунелот, а пристигна и Флорентино, му ја подадов раката да се поздравам и му
реков дека ми е чест и задоволство што го гледам
“ рече Муние за „РТБФ Спорт“.

Тој ми возврати:
Чест и задоволство ти е што се
среќаваш со мене? Дали разбираш дека ти го повреди Еден Азар? А ми велиш дека
ти е чест и задоволство што ме среќаваш
“ открива Белгиецот.

Го прашав дали
јас го повредив Азар, дали е тоа моја вина, тој ми потврди, јас му реков дека
тоа беше дуел како и секој друг, се случува, фудбал е, дел од играта
“ подвлече
Муние кој тврди дека тоа било сосема случајна незгода без никакви намери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×