254
Избраниците на Игор Ангеловски го одработија и вториот тренинг во Букурешт. Сите се здрави и вложуваат максимален напор за што подобро да се подготват за неделниот меч со Австрија. Ферхан Хасани тренираше со останатите, но со маска поради повредата на носот која ја заработи на мечот со Словенија.
На клупата за резерви беше Илија Несторовски кој е со репрезентацијата иако не може да игра поради операцијата на коленото.
Фото: ФФМ








