177
Челси наводно се
израмнил со понудата на ПСЖ за Ашраф Хакими вредна 56 милиони фунти, со тоа што
се шпекулира дека Интер не сака ниту да помисли за продажба на Мароканецот за
сума под 80 милиони евра.
Се верува дека во
Челси подготвуваат да приклучат и фудбалер во понудата до Интер, со тоа што се
размислува околу Емерсон Палмиери и Андреас Кристенсен.
Голем е интересот
за фудбалерот кој изминатата сезона во освоената титула на „Нероаѕурите“ во
Серија А учествуваше со седум погодоци, но и десет асистенции на 37 настапи.