Божиновски не планира пензија, нов договор со Македонија Ѓ.П. потпиша и Адем

by
1 минути читање

Боби Божиновски и
Ермедин Адем потпишаа нови договори со прволигашот Македонија Ѓорче Петров, со
тоа што обата искусни фудбалери од средниот ред и во новата сезона ќе бидат дел
од најсилната фудбалска дивизија во земјава.

Интересно е тоа
што Божиновски во февруари ќе наполни 41 година, па и на таа годишна возраст ќе
биде дел од „Лавовите“, за чиј дрес изминатата сезона постигна осум погодоци,
но и седум асистенции на 33 натпревари.

Од друга страна
пак, 30 годишниот Адем изминатата сезона ја одбележа со четири погодоци и една
асистенција на 24 натпревари.

Изминатата сезона
Македонија Ѓ.П. заврши на четвртото место на табелата со 55 освоени бода,
односно на само два бода од Струга Трим и Љум на позицијата за излез во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×