131
Поранешниот
фудбалер на Вардар, како и легенда на тој клуб, Васил Рингов гостувајќи во „Студио
10“ на „ТВ24“ се расплака кога говореше за актуелните случувања со
најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
„Сто пати сум
кажал, Вардар беше репрезентација на Македонија, во Вардар играа сите
квалитетни и најдобрите од Пелистер, Брегалница, Струмица, Тетово…“ рече
Рингов по што почнаа да му навираат солзи.
Како што е
познато, Вардар е во една доста незавидна ситуација, а во новата сезона ќе
настапува во втората македонска фудбалска лига.