Костадинов: Жал ми е што нема да биде полн стадионот, но знам дека ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи

by
1 минути читање

Костадинов е задоволен од подготовките кои македонските фудбалери ги одработија во Скопје, верува во добар настап на Европското првенство.

„Пријателските натпревари беа добра увертира за Европското првенство. Победата над Казахстан има позитивно влијание врз нашата самодоверба. Одработивме одлични подготовките засега“, вели Костадинов.

„Двата порази од Австрија во квалификациите се минато, не е оптеретуваме со претходниите натпревари. Ова е нов меч, а од тие треба само да извлечеме поуки, да дадеме се од себе и да победиме“.

„Жал ми е што нема да бидат полни трибините. Јас дебитирав во поразот од Австрија во Виена пред 50.000 публика. Криво ми е што сега нема да биде полн стадионот, но знам дека нашите навивиачи кои ќе дојдат ќе бидат најгласни и ќе ни дадат голема поддршка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×