„Горан Пандев се
подготвува за Европското првенство како тоа да е последниот спортски настан во
неговиот живот, а можеби и така ќе биде, неговиот актуелен договор со Џенова
истече, па така останува отворено прашањето околу неговата иднина“ пишува во воведниот дел „Марка“ во сторијата за нашиот Горан Пандев во пресрет на историскиот
настап на Македонија на Европското првенство.
„Сите ми велат:
Гоки, не се шегувај, мораш да играш
уште една година“ вели нашиот капитен, за кого шпанскиот весник напиша и за
историскиот гол против Грузија со што Македонија избори место на континенталниот
турнир.
„Тој го носеше
дресот на својата земја повеќе од 100 пати, а постигна повеќе од 30 погодоци,
веќе испиша 20 години во дресот на Македонија од неговото официјално деби на 17
години, денеска Пандев има 37 години и веќе надмина 100 погодоци во Серија А,
блескаше во италијанскиот фудбал“ додава „Марка“.
