Мурињо си го кажа тоа што му лежи на душата: Имам освоено 25 и пол трофеи во кариерата! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Португалецот сам си постави прашање и си го одговори.

„Ако сакате да бидам проактивен сега, можете да ме прашате колку трофеи имам освоено досега во кариерата?“, си се праша Мурињо и си одговори:

„25 и половина! Половината е финалето кое не го играв со Тотнем“.

„Прашајте го Сер Алекс кој играл, не знам, 50 финалиња. Прашајте го Пеп, прашајте ги сите кои играле многу финалиња и сите ќе ви кажат дека е сон да се игра финале и не е важно дали тоа ви е прво финале или 20 или 50, финалето секогаш е сон“.

„Финале на Вембли е повеќе од сон. Го играв првото финале на новиот Вембли и секогаш кога одам таму е повеќе од сон. И да имам шанса да освојам трофеј со клуб кој нема освоено многу се разбира дека беше двоен сон. Јас сум човек кој кога ќе затвори врата на клуб, си одам и им посакувам добро на луѓето, но на некој забавен начин ќе речам дека имам освоено 25 и пол титули бидејќи мислам дека тоа е нешто што ја означува мојата кариера, да не играм финале кое го изборив и заслужив да сум таму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×