177
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ван де Бек поради повреда нема може да настапи на Европското првенство.
Тој не беше дел ниту од подготвителните натпревари на Холандија, а денеска е потврдено дека нема да може да се опорави навреме за да настапи на големиот турнир.
Ван де Бек ги одигра сите 90 минути на последниот меч на Манчестер јунајтед од Премиерлигата, но не беше ниту на клупата за финалето од Лига Европа.
Мечот меѓу Холандија и Шкотска го преседе на клупата, а не беше во составот за дуелот со Грузија.
Холандија е во групата со Македонија, натпреварот против нив го играме на 21. јуни во Амстердам.