Сари го посакува Лофтус-Чик во Лацио

by
1 минути читање

Маурицио Сари
посакува Лацио да испрати барање до Челси за позајмица на Рубен Лофтус-Чик, 25
годишниот фудбалер кој не е во плановите на Томас Тухел во таборот на шампионот
на Европа.

Промоцијата на
Сари во Рим се очекува да се случи наредните неколку денови, а фокусот ќе биде
ставен на стратегијата на Римјаните во однос на трансфер политиката.

„Скај Спорт
Италија“ тврди дека Лофтус-Чик котира високо на желбите кај Сари за засилувања,
а тој имаше и повеќе од солидни перформанси под кормилото на Сари во Челси
претходно, постигнувајќи 10 погодоци, но и пет асистенции на 40 настапи во сите
конкуренции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×