Челси отвори преговори за Халанд, ќе го „жртвува“ Абрахам

by
1 минути читање

Челси веќе
отворил преговори за ангажман на напаѓачот на Борусија Дортмунд, 20 годишниот Ерлинг Халанд,
и покрај фактот што оваа зделка ќе биде мошне тешко да се реализира, најмногу
поради ставот на „Милионерите“ да не го продаваат Норвежанецот.

Иако Борусија
Дортмунд не сака да го продаде напаѓачот, од друга страна пак, самиот Халанд
пријавува доста амбициозност, а се верува и дека е отворен за чекор напред во
неговата кариера, меѓутоа негов трансфер би чинел околу 170 милиони фунти.

Се верува дека
Халанд би барал неделна плата во висина од околу 300 илјади фунти, а за да
дојде до неговиот потпис, Челси дури ќе го понуди и Тами Абрахам во пакет со
понудата до Борусија Дортмунд.

На Островот наведуваат
дека предводникот на Челси, Томас Тухел им ставил јасно дознаење на првиот
оперативец во клубот, Марина Грановскаја, како и газдата Роман Абрамович дека
квалитетен централен напаѓач е решението на сите проблеми на Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×