Пеп Гвардиола го
посакува Џек Грилиш од Астон Вила како дел од програмата за засилувања на
Манчестер Сити ова лето, со тоа што извори за „ЕСПН“ тврдат дека предводникот
на Граѓаните истовремено за клучно засилување го има вметнато и Хари Кејн од
Тотнем.
Грилиш е на
вистински пат да биде стартер за селекцијата на Англија за претстојното
Европско првенство, односно во воведното коло во пресметката со Хрватска на „Вембли“
во сабота, но тој исто така е дел и од плановите на Манчестер јунајтед.
Извори за „ЕСПН“
тврдат дека во Манчестер Сити се убедени дека ќе успеат во намерата да дојдат
до потписот на 25 годишниот фудбалер кој е проценет на околу 100 милиони фунти
од страна на неговиот клуб.
Освен Грилиш, во
Манчестер Сити се очајно убедени во намерата дека ова лето треба да доведат
напаѓач од висока класа, а прв пик на листата е Кејн кој е пред заминување од
редовите на „Спарси“, а Гвардиола наводно смета дека клубот не смее да си
дозволи да ја пропушти шансата да го ангажира овој двоец.
Кејн веќе побара
разговор во четири очи со првиот човек на Тотнем, Даниел Леви, со тоа што и
повеќе од јасно е дека кај него има незадоволство, а дека Грилиш би можел да си
замине од Бирмингем летово, доволно говори и фактот што Астон Вила веќе го
ангажираше Емануел Буендиа за 40 милиони фунти.