131
Поради повредата на коленото Несторовски го пропушта Европското првенство, нема да може да настапи и да го даде својот придонес на теренот.
Но на покана на селекторот Ангеловски тој ќе биде цело време со репрезентативците како поддршка за нив.
Несторовски ќе патува за Букурешт и Амстердам, селекторот смета дека тоа може само позитивно да влијае на атмосферата во репрезентацијата.
