Претседателот на
францускиот вицепрвак ПСЖ, Насер Ал-Келаифи откри за јавноста дека постои
контакт со првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, за ангажман на Аргентинецот,
меѓутоа додаде и дека Каталонците постојано се обидувале да го вратат назад во
тимот Нејмар.
„Му реков на
Лапорта дека Меси е кон крајот на својот договор, како и тоа дека сите клубови
имаат право да разговараат со него“ изјави тој за „Л’Екип“.
„Сите големи
фудбалери сакаат да дојдат во ПСЖ, а јас тоа го велам за работите да бидат
јасни за сите, не само да коментирам околу Меси“ додаде тој, а потоа нагласи и
дека Каталонците постојано сакале да го вратат Нејмар.
„Барселона
секогаш посакуваше да го врати Нејмар назад во тимот, меѓутоа дали Нејмар го
сакаше истото? Не“ заклучи тој.