Неизвесноста
околу Галти веќе заврши, тој се раздели со Лил по фантастичната сезона со овој
клуб во Лиг1 каде со освоената титула му пркосеше до последен момент на
гигантот ПСЖ, а тоа на крајот заврши
успешно, а веќе се шпекулира околу новиот предводник на таа екипа.
Во Лил веќе
почнале да ги разгледуваат потенцијалните негови наследници, а еден од нив е
наводно Клаудио Раниери, за што „Тутоспорт“ тврди дека опција е само звучно
тренерско име за таа позиција.
69 годишниот
фудбалски стратег си замина од клупата на Сампдорија, а иако се верува дека
засега нема договор со Лил, дополнително голема е веројатноста обете страни да
најдат заеднички јазик на крајот.
Сампдорија заврши
на деветото место на табелата во Серија А изминатата сезона, меѓутоа Раниери и
покрај тој учинок по средбата со челниците на клубот се договори за разделба.