Арсенал веќе
почнал со работа за реализација на трансферот на Рубен Невеш од Вулверхемптон
за ова лето, откако Микел Артета постави неколку цели на трансфер пазарот како
засилувања за новата сезона.
„Топчиите“ ќе
имаат големи промени во составот со оглед на тоа што веќе останаа без
позајмениот Дани Себалјос, кој веќе се врати во Реал Мадрид, како и Матео
Гендузи кој е близу трансфер во Олимпик Марсеј, но и Гранит Џака кој би можел
да игра под кормилото на Жозе Мурињо во Рома.
Сето тоа би
довело до ситуација Томас Парти и Мохамед Елнени да бидат единствени опции во
централниот дел од средината, со тоа што Емил Смит Роу е повеќе налик на „десетка“,
па така се верува дека Невеш е решението.
„Мирор“ пишува
дека Португалецот е достапен на трансфер пазарот за сума од околу 34 милиони
фунти, а фудбалерот има бројни квалитети во својата игра која дефинитивно ќе
бидат добредојдени за „Топчиите“.
Освен за Невеш,
се верува дека Арсенал има пријавено интерес и за услугите на Јвес Бисума од
Брајтон, кој веќе најави дека не би имал ништо против преселба во Северен
Лондон.